Уште две лица од Куманово починаа од коронавирусот, соопшти денес градоначалникот Максим Димитриевски, споделувајќи најнови информации од Центарот за јавно здравје додека учествуваше во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Димитриевски повторно упати апел и побара да бидат воведени уште порестриктивни мерки во Куманово поради вирусот, да бидат скратени бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.
Според најновите информации, во Куманово има осум нови случаи на заразени од ковид-19.