Мнозинството дански политички партии поддржаа закон за двојна казна за криминалците кои ја искористуваат епидемијата на вирусот ковид-19 за лична корист, пренесува весникот „БТ“.
На иницијатива на национал-конзервативната Данска народна партија и Нова десница, оригиналниот предлог-закон беше проширен за да вклучи и протерување на странските криминалци.
Поранешната министерка за имиграција, Ингер Стојберг, потпретседател на либерално-конзервативната партија Венстреи спонзор на првиот закон, рече дека е задоволна од дополнувањата.
– Верувам дека овој предлог-закон е подобрен со амандманите со на Данската народна партија и Нова десница, и затоа го поддржуваме. Мојот главен став, како и оној на Венстре, е дека како странец, очигледно имате особена обврска да не извршите кривично дело додека сте во Данска. Затоа, зајакнувањето во таа сфера е правично и разумно – изјави Стојберг за „Ден Корте Авис“.
Законот беше поддржан и од владејачката Социјалдемократска партија.
– Слободно можеме да кажеме дека парламентот најде големиот чекан и го користи против оние што измамуваат – рече министерот за правда, Ник Хекеруп, за Данското радио.
Сепак, законот наиде и на отпор. Социјал-либералната партија и Црвено-зелената алијанса гласаа против. Алијансата ги поддржува двојните казни, но не се согчасува со клаузулата за протерување.
– Не сакаме да ја поддржиме поделбата во општеството. Сакаме да го поддржиме единството против кризата со коронавирусот, сакаме да ја поддржиме солидарноста и затоа гласаме против овој предлог – рече Сорен Сондергард.
Законот вклучува и построги казни за луѓето што ќе се обидат да го злоупотребат пакетот помош тежок милијарди што владата го одобри за да им олесни на погодените бизниси и да им помогне да ја надминат кризата. За овој вид кривично дело се предвидуваат четворкратно поголеми казни
Спорден завршната клаузула, важноста на новиот закон истекува на 1 март 2021 година.