Поради дополнителна заштита од коронавирусот се затвора градскиот пазар во Прилеп.
– За жал ги имаме и првите два потврдени случаи на заразени со коронавирус во нашата општина. Двајцата наши сограѓани се во добра здравствена состојба и им е пружена адекватна здравствена помош. Со ова, сакам да им дадам поддршка за побрзо оздравување, меѓутоа и да ги охрабрам сите оние кои имале и најмал контакт со потенцијални преносители, да се пријават за да можат надлежните здравствени работници побрзо да реагираат – изјави попладнево градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоскиja, барајќи да нема стигматизирање.
Како дополнитерни мерки за заштита од утре се затвора и градскиот пазар, а од денеска, се засилени контролите на автомобилите на сите четири влезови во градот, при што се врши дезинфекција на возилата.
Ка.М.