Во овие тешки времиња, кога светот го тресе пандемијата на коронавирусот, од што не сме поштедени ни ние, свесноста и дисциплираноста се неопходни. Препораките на лекарите што помалку да излегиваме и да седиме дома, со што најмногу ќе се заштитиме, ги почитуваат и македонските пејачи, кои совесно се придржуваат кон советите на владата. Со своите фотографии на социјалните мрежи тие исто така апелираат до своите обожаватели да го сторат истото.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/Tamara-610x696.jpg)
Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Васил Гарванлиев и Наташа Малинкова, како што можете да видите на фотографиите, држат и напишани текстови во кои им сугерираат на сите да седат дома, за доброто на сите.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/Vasil-Garvaliev-696x584.jpg)
Секако тие не се единствени, бидејќи повеќето македонски пејачи, автори, музичари, секој на свој начин, со живи настапи од својот дом, па и цели мини концерти, со убави пораки и совети, даваат придонес да се издржи полесно домашниот карантин. М.Т.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/Dani-557x696.jpg)