Шест нови лица се позитивни од коронавирус, со што се дијагностицирани вкупно 18 пациенти во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференцијата информира дека денеска биле тестирани 12 лица. Од нив шест се позитивни – петмина од Дебар и една пациентка што стигнала од Шпанија.

– Пациентка стигнала од Барселона, во авионот патувала со заштитна маска и ракавици – рече министерот.

За сите 51 патник од авионот е даден налог за следење.

Филипче кажа дека петмината новозаболени се во болницата во Дебар, каде има кадар кој може да ги лекува овие пациенти.

 

[?Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Posted by Венко Филипче on Сабота, 14 март 2020