По тешко боледување на 67-годишна возраст претпладнето во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго.
Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.
Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.
Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.