Првиот мастерс турнир во сезоната Индијан Велс е откажан поради коронавирусот соопштија организаторите.
Турнирот во Калифорнија требаше да започне в четврток, меѓутоа поради ширењето на опасниот вирус тој нема да се одржи.
– Преголем е ризикот по здравјето на населението за да се одржи вака голем турнир. Не во интерес на навивачите, играчите и локалното население турнирто да биде одржан. Сите заедно мораме да се обидеме да ја заштитиме заедницата од коронавирусот – пишува во писмото на организаторите на турнирот.
Минатата година Индијан Велс го освоија Доминик Тим во машка и Бјанка Андреску во женска конкуренција.
The 2020 BNP Paribas Open will not be held.https://t.co/BVKQmmcbth pic.twitter.com/CHOd0PgJeV
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 9, 2020