Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го откажа патувањето и закажаните средби за утре и побара од премиерот Зоран Заев веднаш да му го достави договорот со Грција за решавање на спорот за името.
– Најпрво не беше за промена на Уставот, потоа прифати географска одредница за подоцна да ја убеди македонската јавност дека со промена на Устававот и решението Илиндска Македонија го потврдува идентитетот – рече Мицковски.
Смета дека Заев сака „шверцерски“ да го протне решението, кое претходно го објави премиерот, Република Северна Македонија, како епохално.
– Ова е тежок егзибиционизам на штета на сопствената држава. Бараме т.н. договор кој Зоран Заев има намера да го потпише веднаш да ни го достави – појасни тој и рече дека ова не е вистинско решение, туку „капитулација“.
Нагласи дека е битно да се разграничи која институција е надлежна и има ингеренции да склучува меѓународни договори, владата или претседателот на државата.
– ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи промена на Уставот заради промена на името- повтори Мицкоски.