Охриѓанец вчера ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе-гробот на непознат муслимански светец спроти Хајдар Пашината џамија во Охрид.
Од МВР соопштија дека во Полициската станица Охрид од граѓанин било пријавено дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на улица „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.
Од извршениот увид било утврдено дека околу 15.50 часот непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе, по што побегнал.
Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид. Тој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.