Романската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократската партија, во Букурешт синоќа одржа протест против „злоупотребата во правниот систем“.
Тоа е дел од обидите на владејачката коалиција да се избори со протестите на оние кои тврдат дека романската Влада ги попречува антикорупциските процеси.
Премиерката на Романија Вјорика Данцила и романски министри присуствуваа на протестот на кој, според проценката на полицијата, се собрале околу 150.000 лица.
Лидерот на Социјалдемократската партија на Романија, Ливиј Драгнеа, кој се смета за најмоќната политичка фигура во земјата, чека пресуда за корупциски процес на 21 јуни.
Драгнеа е осомничен дека формирал организирана криминална група и фалсификувал документи со цел да дојде до средства од Европската унија.
Поради пресудата од 2016 година за местење на избори, Драгнеа не може да биде премиер на Романија.