Општина Аеродром формира посебна комисија, која денеска изврши увид на топлиот оброк што почна да се служи од минатата недела во сите основни училишта.
 
 
 
– Констатирано дека храната се служи топла, во чинии од инокс, а учениците се задоволни од нејзиниот вкус и количина – информираат општинските власти.
 
 
Од таму велат дека комисијата е формирана по големиот број шпекулации што се појавиле во јавноста врска со квалитетот на храната.