Дојавата за бомба во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје била лажна, потврди Министерството за внатрешни работи.
Од таму соопштија и дека од истиот телефонски број, преку кој е лажно пријавена бомбата, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор.
– Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки – велат од МВР.
Поради дојава за бомба попладнево беше евакуиран трговскиот центар.