Фото: Игор Бансколиев


Вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани, поради дојава за бомба. Им било соопштено да го напуштат трговскиот центар, по што луѓето во паника почнале да трчаат кон излезите.

Во изјава за „Нова Македонија“, МВР соопшти дека биле известени за дојава за бомба во трговскиот центар „Сити Мол“ и дека истрагата е во тек.

– Околу 12 часот од „Сити Мол“ бевме известени дека имаат дојава за бомба. Екипи за антитероризам се излезени и постапуваат по случајот – изјави Лиза Бендевска од МВР Скопје, за „Нова Македонија“.

Поради инцидентот, околу трговскиот центар има голем метеж, полициски возила, а автобусите се пренасочуваат. На лице место има Брза Помош и Противпожарни екипи. Х.Ј.