Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изјави дека Бугарија веројатно ќе протера двајца руски дипломати поради обвиненија за шпионирање.
– Добивме писма со обвиненија од обвинителите. Ќе преземеме активности што сме должни да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за персона нон грата – вели Захариева.
Захариева рече дека поради тоа ќе го покани рускиот амбасадор.
Обвинителите денеска објавија дека Русите се вклучени во шпионажа, но не можат да бидат судени заради дипломатски имунитет.