Од 5 часот утрово, до 24 часот на 6 јануари, според добиените информации од грчките погранични служби, е воведена забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“.
Како информираат од МВР постои можност за продолжување на забраната.
Во известувањето од грчките служби, како причина се наведува најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.