Одреден возач ја наведе полицијата на невообичаена, бавна, бркотница низ долината Сан Фернандо, САД, при која учесниците во неколку наврати застануваа, откако отпадна браникот на возилото во бегство, пренесува „Лос Анџелес тајмс“.
Полицијата се впушти во потера под сомение дека возачот го управува возилото под дејство на алкохол, а потоа беше утврдено дека автомобилот е украден, по проверка на регистарските таблички.
Полицијата го запре бегалецот по повеќе обиди со маневри, при што полициските возила удираа во неговиот автомобил, кој возеше и со дупнати гуми.
Бизарната потера беше пренесувана на локалнте телевизии.