Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, на креативен начин викендов спроведоа подводна еко-акција во Охридското Езеро.
Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мраз, со празнична песна, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.
– Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годината што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации – вели Никола Паскали од „Акватек“.
Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, направи неколку акции за чистење на езерото во кои извлекоа габаритен шут и смет кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.