Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација каде се верува дека во време на ерупцијата имало најмалку 50 луѓе.

– Дел од нив беа транспортирани на брегот, и најмалку еден од нив беше во критична состојба – се вели во полициското соопштение.

Здравствените служби соопштија дека имало дваесетина повредени. Вулканологот Бред Скот изјави пред локална радио станица дека станува збор за силна ерупција.