Англиските фудбалски репрезентативци покрај другото, акцент во подготовките пред стартот на Светското првенство ставаат и на ударите од 11 метри со цел да го избегнат традиционалното испаѓање на пенали на големи првенства.
Англија беше елиминирана по ударите од белата точка шест од седумте пати на светски и европски првенства. Единствениот успех го имаат против Шпанија во четвртфиналето на ЕП 1996 година.
-По основните вежби, дополнително шутираме пенали. Во тимот имаме доста добри изведувачи на пенали и последните денови работиме напорно на овој елемент од играта- информира голманот Џордан Пикфорд од Евертон.
Тој заедно со Џек Бутланд од Стоук Ник Поуп од Барнли ќе конкурираат за голманската позиција во отсуство на искусниот Џо Харт, кој е надвор од составот поради слаба форма.