Две лица загинаа денеска во нападот со нож во близина на Лондонскиот мост, а потоа напаѓачот бил застрелан од полицијата, јави Би-би-си.
Лондонската полиција соопшти дека тие го третираат инцидентот како терористички напад, пренесе Ројтерс.
Полицијата исто така информираше дека напаѓачот имал лажна бомба кај себе.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, претходно изјави дека полицијата веќе не бара никого во врска со инцидентот во близина на Лондонскиот мост, во кој вооружениот напаѓач прободе повеќе луѓе со нож.
Тој го пофали „хероизмот кој го одзема здивот“, прикажан од граѓаните на Лондон за време на инцидентот, кои без двоумење се стрчаа кон осомничениот за да му го земат ножот, јави агенцијата АП.
Напаѓачот подоцна беше убиен од полицијата. Кан изјави дека повеќе лица се повредени во инцидентот и дека некои од повредите се сериозни.
Тој не прецизираше точен број на повредени, но истакна дека е важно семејствата на повредените да имаат приватност.