Неколку луѓе се повредени денеска во холандскиот град Хаг во напад со нож извршен на улица, која е позната по бројните продавници, соопшти тамошната полиција.

Властите информираат дека службите за итни случаи се на местото на настанот, објави „Ројтерс“.

Претходно денес во Лондон, напаѓач на Лондонскиот мост беше убиен откако со нож повредил повеќе лица, од кои, според последните информации, двајца им подлегнале на повредите.

Полицијата го застрела осомничениот на местото на настанот.