Гром удри во меѓуградски автобус во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандруполис.
Автобусот, во кој се наоѓале двајца возачи и 12 патници, патувал на релација од Александруполис до Орестијада.
Громот удрил во автобусот кога тој се наоѓал на 21 километар од Александропулос, по што возилото се запалило.
При инцидентот нема жртви, бидејќи сите присутни во автобусот веднаш го напуштиле возилото.
Во гаснењето на огнот учествувале 18 пожарникари со шест противпожарни возила.