Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов по изрекувањето на пресудата пред Кривичниот суд рече дека се незадоволни и најави дека вложат сериозна жалба поради ваквата пресуда.
– Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која што со леснотија ќе го доведеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. И не само тоа, да донесе, ако така милувате, и одбивателна пресуда, рече Дангов.
Според него, не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите.