Пожарот кој пред два дена избувна во близина на село Бенче им создаде многу грижи и штети на жителите од ова село. Од огнената стихија која се појави во близина на селото а се прошири и врз дел од куќите, една куќа изгоре, а настрадаа и неколку електрични столбови и доколку немаше порешителна акција на вработените од шумското стопанство, комуналното претпријатие и месното население, ќе изгореше и селската црква која со крајни напори беше одбранета.
-Пожарот кој пред два дена избувна во близина на село Бенче, им создаде многу проблеми и штети на месните жители. Така, при овој пожар изгоре една куќа и повеќе електрични столбови. Под голема закана беше и селската црква, која е спасена од опжарување благодарение на ангажманот на локалните жители, вработени во шумското стопанство и комуналното претпријатие. Со овој пожар е зафатена букова и дабова шума, а поради погодностите што му ги нуди сушата и ветерот, пожарот се шири кон село Звечан. Патот до ова село е во исклучително ложа состојба што оневозможува пристап на возила и поголема помош од доброволци и екипи. Ако не падне најавениот дожд во четврток, никој не може да предвиди колкави ќе бидат последиците од овој голем пожар – вели Даниел Јованоски, жител на Порече.
Инаку, чадот од овој пожар е забележлив и на 30 километри од огненото жариште, што потврдува дека се работи за пожар од големи размери.
Зоран Антоски