Изборите во Венецуела, на кои Николас Мадуро освои нов шестгодишен претседателски мандат, не ги исполнија меѓународните стандарди, соопшти денеска Европската унија и порача дека го разгледува својот одговор.
– ЕУ и нејзините држави членки ќе разгледаат усвојување адекватни мерки, се наведува во соопштение на Унијата, но не се образложува каков ќе биде одговорот.
Во соопштението се оценува дека претседателските и регионалните избори во Венецуела се спроведени без национален договор за изборниот календар, како и без исполнување на минималните меѓународни стандарди за веродостоен процес.