Францускиот претседател, Емануел Макрон го предупреди својот американски колега Доналд Трамп дека последица од турската офанзива во Сирија може да биде заживување на активностите на Исламска држава.
Макрон во телефонскиот разговор со Трамп истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре. Во соопштението не се наведува дали Макрон ги повикал американските сили да интервенираат.
Макрон порачал да се поддржат курдските сили, кои ја помогнале воената коалиција предводена од САД да ја преземе територијата на Сирија и Ирак од екстремистите од терористичката Исламска држава.