Европската недела на мобилност 2019 официјално почнува денеска, а ќе трае седум дена, до 22 септември, под мотото „Пешачи со нас“.
– Поттикнувањето на граѓаните активно да се вклучат во локалниот живот, да ја практикуваат својата одговорност и делотворност кон животната средина, како и создавањето услови кои тоа ќе им го овозможат се нашите цели. Реализирањето на целите на граѓаните не само што ќе им овозможат да ја осознаат својата улога во општеството, туку ќе им донесат и драгоцени полезни последици, зачувување на своето здравје, и поради поздравата животна средина и поради секојдневното движење – пешачењето и возењето велосипед – изјави претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
Таа ги повика граѓаните в четврток (19.09) од 18 часот на улицата Димитрија Чуповски да бидат дел од „Вело фиестата“, да се дружат и да се забавуваат, а да учествуваат и во традиционалното „Велосипедско дефиле“ кое во петок (20.09) ќе почне во 11.30 часот од новиот парк Ибни Пајко, кај објектот на Филхармонијата.
Град Скопје годинава ја реализира ЕНМ 2019 во соработка со Македонски зелен центар, канцеларијата на ЕУ во Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целата програма на Европската недела на мобилност е објавена ТУКА.