Синоќа во полицијата било пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во автомобил со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени.
Од страна на полициските службеници веднаш било интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што јави МВР, по преземени мерки од полициските службеници пронајдени се родителите на децата, Т.Т.(44) и М.Н.(35).
Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.