Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот. Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул. „Коце Димов – Витамин“ во Велес.
Шеесет и тригодишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен до ЈЗУ Општа болница во Велес, а оттаму препратен во Ургентен центар во Скопје.
Како што информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница од Велес при рентген снимка и преглед од хирурзите кај повредениот било утврдено скршеница на десна потколеница и уште неколку скршеници или политраума на ногата.
-Поради сериозноста на повредите на ногата, но вон животна опасност повредениот е препратен на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје – информира Андова.
Како што информираат од СВР Велес, по овластување на Јавното обвинителство увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес.