Западниот свет има потреба од Русија за да изгради нова архитектура на доверба и безбедност во Европа, рече францускиот претседател Емануел Макрон, обраќајќи се на конференцијата на француските амбасадори во Елисејската палата, пренесува ТАСС.
– Ни треба партнерство со Русија за да изградиме нова архитектура на доверба и безбедност во Европа. Ќе биде голема стратешка грешка да се оддалечи Русија од Европа. Ако не ги преземеме потребните чекори овде во Европа, ќе останеме во атмосфера на тензии, замрзнати конфликти и последици од Студената војна. Во овој случај, ќе продолжиме да живееме во Европа како да е театар на стратегискиот неуспех меѓу САД и Русија – посочи Макрон.
Според него, невозможно е да се оживее европската цивилизација без длабоко преиспитување на врските со Русија.
Францускиот претседател истакна дека 1990-тите и 2000-тите биле обележани со заемната недоверба бидејќи Русија ја сметала Европа за еден вид Тројански коњ на Западот.
– Ова не е во наш интерес – истакна Макрон.