Турската влада нареди спалување на 300 илјади книги, за кои тврди дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник обвинет за државниот удар во 2016 година. Ова е дел од зголемениот притисок врз медиумите и издавачите во земјата, пренесува „Гардијан“.
Книгите се повлечени од училиштата и библиотеките. Фотографии од горењето беа објавени на интернет-порталот „Кронос27“. Проблематични се и иницијалите на Ѓулен, кои се тргнати од задача во учебниците по математика, па дури и името на американската сојузна држава Пенсилванија во која тој престојува.
Според ПЕН Интернешнал, 200 медиуми и издавачки организации беа затворени, 80 писатели беа подложени на прогон, а 5.822 академици беа отпуштени, по неуспешниот пуч.