Со 283 гласа „за“ од 298 присутни пратеници, кандидатот од Нова демократија, Константинос Тасулас утрово беше избран за нов претседател на грчкиот парламент.
За неговиот избор гласаа пратеничките групи на Нова демократија, СИРИЗА, Движење на промена, Грчко решение и МЕРА25, додека 15 пратеници од Комунистичката партија беа воздржани.
Денешната мнозинска поддршка за единствениот кандидат од владејачката Нова демократија, е рекорд за грчкиот парламент.
Во 2015 година, тогашната пратеничка на СИРИЗА, Зои Константопулу, беше избрана за претседателка на арламентот со 235 гласа.