Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“. Oд Општина Аеродром велат дека зонското паркирање е по барање на жителите од тој дел на општината.
ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7.00 до 23.00 часот секој ден освен недела.
-Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром. Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во кол-центарот што се наоѓа зад ТЦ „Бисер“. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг“, велат од Општина Аеродром.