На крстосницата од скопските улици „Скоевска“ и „Радишанска“, во утринските часови на 7 мај се случила сообраќајна несреќа во која тешко била повредена жена – пешак.
Како што информираат од МВР, товарно возило „фолксваген ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен скопјанец, удрило во пешак, 83-годишна жена од Скопје.
Жената се здобила со тешки повреди, а возачот на „фолксвагенот“ ја пренесел во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.