Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.А.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“, против П.А.(32) од Велес и Е.А.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „компјутерска измама“.
-Пријавениот Т.А. набавил незаконска SIMBOX опрема и заедно со пријавените П.А. и Е.А. набавиле СИМ картички и овозможиле користење на опремата, притоа вршејќи нелегална терминација(пренесување) на GSM сообраќај во радиофрекфенциски опсег доделена на два мобилни оператори. На тој начин, во периодот од епетември 2018 до април 2019 година, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 295.155 денари- соопшти МВР.
Како што информира МВР, на 10.04.2019 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домови во Скопје и Велес, при што во домот во Скопје биле пронајдени и одземени два рутери, мемориска картичка и други предмети. Додека при претресот на домот во Велес биле пронајдени и одземени еден SIMBOX уред со полнач, мобилен телефон и поголем број СИМ картички.