Врховната изборна комисија на Турција одлучи да ги поништи и обнови локалните избори за Истанбул, пренесе „Ројтерс“.
Повторените избори за градоначалник на Истанбул ќе се одржат на 23 јуни.
Владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган бараше поништување на резултатите од изборите во Истанбул, тврдејќи дека имало нерегуларности.
Главната опозициска Републиканска народна партија извои тесна победа во Истанбул, со што, по 25 години, се случи промена на локалната власт во најголемиот турски град.
Новоизбраниот градоначалник ја презеде должноста минатиот месец, по пребројувањето на гласовите.