Руските медиуми објавија снимки од внатрешноста на авионот кој вчера се запали на писта на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Во пожарот загинаа 41 од 78 патници и членови на екипажот.
Снимките од внатрешноста на авионот сведочат дека огнот ја проголтал опашката на авионот.
Авионот на „Аеорофлот“ кој полетал од Москва кон рускиот град Мурманск, бил принуден да се врати на „Шереметјево“ откако пријавил дека има проблеми на помалку од половина час по полетувањето.
Поради несреќата, во Русија е прогласена тридневна жалост. Поголемиот дел од загинатите патници се задушиле од чадот.