Четири лица беа ранети со огнено оружје во Московскиот регион по кавга на неколку граѓани во парк за кучиња, а полицијата го уапси сторителот.
– Еден од нив отишол дома, земал пушка, и според првичните информации, неколку пати стрелал во своите противници. Повредени се четири лица – рече полицијата за ТАСС.
Три лица беа пуштени од болницата на домашно лекување, а едно лице е уапсено.
Напаѓачот бил однесен во полициската станица, а властите почнале кривична постапка поради хулиганско однесување.