Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони бил префрлен во болница, јавија италијанските медиуми.
„Коријере дела сера“ наведе дека состојбата на 82-годишниот Берлускони засега е непозната, додека италијанскиот весник „Република“ повикувајќи се на неименувани извори пишува дека тој бил префрлен во болницата „Сан Рафарелe“ поради болки во стомакот, пренесе „Ројтерс“.
„Република“ претходно објави дека Берлоскони е во болница поради болки во бубрезите.