Екипата и клучните детали за новиот филм за Џејмс Бонд ќе бидат познати деновиве. Се знае дека Даниел Крег повторно ќе биде агентот 007, а премиерата на филмот се очекува во април следната година. Во прилог се наведени деталите што се знаат за 25-от филм за прочуениот агент.

Наслов
Веќе со месеци се шпекулира за насловот на новиот филм. Во март, продуцентката Барбара Броколи негираше дека филмот се вика „Шатерхенд“, кога некој од обожавателите барал нејзин автограм. Има и такви што мислат дека новиот филм ќе се вика „Еклипс“.

Улоги
Даниел Крег веќе потврди дека во овој филм последен пат ќе го глуми агентот од романот на Јан Флеминг. Се очекува Ралф Фајнс и Бен Вишо да ги глумат Ема и Кјуа, а Наоми да ја одигра Херис Манипени. Исто така, се верува дека повторно ќе глуми и Маделин Свон, која играше во „Спектра“ од 2015 година. Многумина очекуваат да се појави и Рами Малек, во улога на негативец. Обожавателите веруваат дека Кристоф Валц ќе се врати како Ернст Ставро Блофелд, легендарниот злосторник.

Режисер
Филмот го режира Кери Џорџ Фукунага, познат по првата сезона од серијата „Тру детектив“ и драмата „НМаниак“. Американецот минатата година ѝ се придружи на оваа екипа, бидејќи Дени Бојл го напушти овој проект поради „креативни разлики“.

Сценаристи
Бидејќи Хоџ го напушти проектот во исто време со режисерот Бојл, сѐ уште не се знае дали писателската дејност е дадена во рацете на искусните сценаристи на „Бонд“, Нил Парвис и Роберт Вејда. Се пишуваше дека е можно и Стивен Соденберг да замешал прсти во пишувањето на последното продолжение на сагата за Бонд. А имаше муабети дека за сценариото е ангажирана и Фиби Волер- Бриџ, по барање на Даниел Крег.

Музика
Сè уште не е познато кој ќе ги наследи Адел и Сем Смит, кои добија „оскари“ за песните изведени за филмовите „Скајфол“ и „Спектра“. Дуа Липа е сè попопуларна низ светот, често се спомнува како тематска изведувачка за овој хит. Минатата година изјавила дека сè уште никој не ѝ се јавил, но дека би сакала да учествува. Меѓутоа, детали околу главната музичка тема сѐ уште нема.

Автомобил
Низ медиумите кружеше информација дека Даниел Крег ќе вози „астон мартин рапид Е“, електричен автомобил чија цена е околу 300 илјади евра. Авторите на филмот сметаат дека Бонд треба да вози возило што не испушта штетни материи.