Пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО треба да биде ратификуван од белгискиот Парламент до крајот на оваа година, но прецизни рокови сѐ уште нема, велат за МИА од белгиското Министерство за надворешни работи.
За разлика од првичните шпекулации во јавноста, за пристапниот протокол не треба да гласаат сите седум парламенти на земјата, туку само федералниот, прецизираат за МИА од министерството.
-Само федералниот парламент треба да ратификува, а целата процедура би требало да биде завршена до средбата на лидерите на НАТО во Лондон на крајот на година- стои во писмениот одговор од белгиското МНР до МИА.
Белгиски дипломатски извори велат дека не се очекуваат никакви пречки, ниту политички ниту технички, за сега во процесот на ратификација, и дека за сега не е закажан датум за ратификацијата во белгискиот парламент