Основното јавно обвинителство во Скопје побара притвор за 48-годишно лице во чиј дом пронајдени се наркотички дроги. Притворот е побаран поради постоење на опасност од бегство.
Тој се сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Во неговиот дом пронајдени се 293,71 грама марихуана, пет шприца со хашиш смола со вкупен волумен од 47,5 милилитри, семки од растението канабис со нето маса од 21,41 грама и шест таблети со зелена боја и активна компонента 3,4 метилен-диоксиметамфеамин (MDMA). При претресот пронајдена е и една дигитална вага со остатоци од марихуана.