Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чиј легитимитет е доведен во прашање по одлуката на повеќе земји да го признаат спикерот на Националното собрание, Хуан Гуаидо за привремен шеф на државата, денеска и нареди на армијата да не дозволи влез во земјата на хуманитарна помош од странство.
Мадуро оцени дека во Венецуела „нема хумaнитрана криза“ и дека испраќањето „помош спонзорирана од САД“ претставува обид да се направи „евтино шоу и да се оправда државниот преврат“ во Венецуела.
Поради одлуката на Мадуро, камионите што превезуваат храна, лекови и друга помош, стојат блокирани на границата меѓу Клумбија и Венецуела, кај колумбискиот град Кукута.
Според Мадуро, најдобро би било таа хуманитрана помош „да им се подели на сиромашните колумбиски граѓани“.
– Ако сакате да помогнете, ослободете ги парите на нашата земја што ги блокиравте. Ги украдовте парите, сега ни нудите тоалет хартија – изјави Мадуро на прес-конференција во Каракас.
Американскиот Стејт Департмент, кој ја обезбеди хуманитраната помош за Венецуела, во меѓу време, ги повика венецуелските безбедносни сили да им дозволат на камионите да влезат во земјата.
Шесте камиони со хуманитарна помош уште вчера пристигнаа во Кукута, но не им беше дозволено да влезат во Венцуела.