Деветгодишно девојче од село Крушопек, скопско, било удрено од автомобил вчера попладне на патот село Лека – село Крушопек, по што со друго возило е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Автомобилот, управуван од непознат возач, веднаш го напуштил местото.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.