Во општина Кисела Вода синоќа избувнал пожар во стан на улицата „Христо Татарчев“ бр. 62 -3 -1. Станот прво бил ограбен, сѐ било претурено, а потоа запален. Повредени нема.

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната брига на Град Скопје Владимир Симоновски, се работи за пожар од помал обем бидејќи е оштетена само една соба.

– Добивме дојава во 21.35 часот, по што веднаш интервениравме. Три возила го гаснеа пожарот со осум пожарникари. Ако немаше брза интервенција пожарот можеше да биде катастрофален за зградата – рече Симоновски.

Опожарени се 20 метри квадратни, а штетата е околу 200 илјади денари.

Пожарот бил пријавен и во полиција.