Поплавена брана усмрти најмалку 30 луѓе во Индонезија поради поројните дождови што ја погодија покраината Јужен Сулавези, објавија денеска властите.
Како исчезнати се водат 25 луѓе, над 3.000 се евакуирани од своите домови, а 46 се примени во болница.
Индонезиската агенција за катастрофи постави времени засолништа и полски кујни за жителите кои бегаат од водата која достигна еден метар длабочина и ги поплави селата покрај реката во покраината Јужен Сулавези.