Педесет и седумгодишниот И.И. од село Дедино, вчера бил пронајден мртов во стан на улица „Сава Михајлов“ во Гевгелија.
Како што соопшти денеска СВР Струмица, врз телото не биле забележани траги на насилство.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.