Од понеделник ќе започнат процедурите во грчкиот Парламент, а до крајот на следната седимица ќе биде ратификуван Договорот од Преспа, рекол Никос Вуцис во разговор со грчките новинари, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчкиот Парламент по завршувањето на состанокот на политичиот совет на СИРИЗА, објаснил дека договорот ќе помине на една или на две седници на Комисијата за надворешна политика и одбрана, а потоа ќе биде донесен на пленарна седница, по што ќе следи и гласање од пратениците.