Фото: Приватна архива

Утре во 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена тринаесеттата самостојна изложба на сликарката м-р Славица Танеска, насловена „Борба без победник-отворено дело на преобразби и раскол“.

Изложбата е резултат на повеќегодишно истражување на авторката, започнато со анализирање на птиците, а подоцна конкретизирано кон петлите.

-Петлите поставени во борба се само симбол и алегориски приказ на борбата меѓу

луѓето. Ако погледнеме во историјата, ќе забележиме дека човекот отсекогаш бил во борба. Освен општествените, секој човек води и лични борби. Делата на изложбата укажуваат кон фактот дека во борбите никогаш нема конечен победник, ниту пак се постигнува крајна корист, туку едни борби отвораат нови и создаваат загуби-објаснува ликовната уметница Славица Танеска.

Настанот е од посебно емотивно значење за Танеска, која во својот роден Охрид изложува

по подолго време. Изложбата ќе ја отвори ликовниот уметник Славко Упевче, а истата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Ф.Д.