Фото: Веб страна на „Парни ваљак“

Ин мемориам: Аки Рахимовски (05.06 1955 – 22.01. 2022)

Денеска во 67-та година, ненадејно престана да чука срцето на познатиот рок музичар од Скопје Аки Рахимовски, кој ќе остане запаметен како легендарен пејач на групата „Парни ваљак“.

Господ ми го даде ова богатство гласот и до последниот здив сакам тоа да го споделувам со луѓето-изјави Рахимовски во интервју за „Нова Македонија“ пред неколку години.

Фото: Маја Јаневска Илиева (прес-конференција, април 2015 година)

-Чувствувам дека времето е уште на моја страна, само нека е здравјето на моја страна, додека сумз драв и додека Господ ми дава енергија и додека ме чува мајката Божја, музиката ќе биде мој живот и се надевам така ќе е до крајот– велеше легендарниот пејач.

И навистина беше така, до последен здив Аки беше на сцената, зашто како што велеше таа беше негов живот.

На социјалните мрежи по веста за неговото змаинување неговите верни обожаватели од целиот регион, кои многу го сакаа и почитуваа му изразуваат голема благодарност за песните што ги отпеал, за преубавите спомени,за концертите, за љубовта и емоциите со кои ги преплавил….

Деновиве неговите најблиски го чекаа да дојде во Скопје, но ете животот имал други планови. По пауза од речиси три години ненастапување поради неговите здравствени проблеми (мозочен удар, вградени стентови и проблеми со рбетот), Аки се опорави и повторно во февруари со „Парни ваљак“ требаше да тргне на турнеја низ Хравстака, но и пошироко.

Освен со групата Рахимовсдки градеше и соло кариера, а соработуваше и со Тоше Проески, со Венко Серафимов, Каролина Гочева, а последната соработка ја оствари со Игор Атанасоски -Гуру Харе, чија песна „Мајка“ ја испеа на маетсрален начин.

Аки секогаш со гоелмо задоволство доаѓаше во родното Скопје, не само заради концертите со „Парни ваљак“, туку за да собере позитивна енергија. Тука имаше огромен број колеги со кои ја почнал својата музичка кариера, приајтели и почитувачи.

„Колку е убаво да си дома, во Скопје, да пееш пред македонска публика“ , знаеше да каже.

Во план му беше да сними и албум со македонски етнобисери.

-Луѓето ме сакаат, нема село и град во некогашна Југославија каде што не сум бил и секаде нешто сум научил. Знам дека каде било да чукнам во 3 по полноќ, секаде ќе ми отворат. Публиката ми враќа со мнмгу љубов за сите 45 години на сцената – изјави за „Нова македонија“ Аки Рахимовски.

Песните што тој ги отпеа уште долго ќе сведочат за неговиот неповторлив глас, огромна енергија и љубов што ја ширеше околу себе.